Избори во Бурма

Опозицискиот лидер Аунг Сан Су Чи

Во Бурма денеска се одржуваат парламентарни избори. Опозицискиот лидер Аунг Сан Су Чи се кандидираше на изборите за прв пат. Тaa посочи за нереуларностите како што се вандализам на постерите на партиите и заплашување на гласачите. Су Чи која беше во домашен притвор од 1990 до 2000 година изјави дека не жали што се кандидирала за Парламентот, бидејќи изборите ги натерале луѓето да се заинтересираат за политиката, по децении на владеењето на воениот режим во земјата кој заврши во минатата година.