Косово ја обвинува Србија за киднапирање на двајца полицајци

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи

Косовските власти ја обвинија Србија за приведувањето на двајца полицајци од земјата кои патролирале на границата. Белград соопшти дека двајцата мажи биле вооружени со пиштоли и автоматски пушки и биле притворени на српска територија во регионот Мердаре.
Но косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека полицајците биле киднапирани на косовска територија.