Германија:Најмалку едно лице повредено во експлозија во хемиска фабрика

Најмалку едно лице е повредено во експлозија до која дошло денеска во хемиска фабрика во западна Германија во градот Марл.Од експлозијата во фабриката се ослободил голем облак од чад што за кусо време се раширил низ воздухот во околината.Жителите на градот биле предупредени да ги држат прозорците и вратите од домовите затворени,но засега нема индиции дека може да бидат предизвикани штети по здравјето.Причината за експлозијата не е позната.Марл е индустриски град со 87,000 жители.