Кинеските власти блокираат сајтови кои шират дезинформации

Кинеските власти денеска блокирале два микро-блога во земјата, откако претходно биле уапсени 6 лица за фабрикување и ширење дезинформации преку интернет. Вчера, властите во Кина затворија 16 интернет сајтови на кои биле пренесувани информации дека во Пекинг влегле воени возила и оти во земјата се случува државен удар. Ваквите дезинформации на интернет почнаа да се шират низ Кина откако беше уапсен влијателниот политичар Бо Ксилал.