Најбогатиот човек на светот во Македонија

Најбогатиот човек на светот, мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим ќе ја посети Македонија.
Слим, чие богатство според „Форбс“ изнесува 69 милијарди долари, ќе учествува на ИТ конференција во Охрид, што ќе се одржи од 31 март до 2 април. Според најавите, мексиканскиот бизнисмен ќе преседава со состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и УНЕСКО.
На состанокот во Охрид ќе присуствува и висока владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, кој треба да има обраќање пред учесниците. На работна средба со Слим, премиерот Груевски и владините економски министри ќе претстават неколку проекти и инвестиции во информатичкиот сектор, енергетиката, рударството.