Хилари Клинтон во посета на Саудиска Арабија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон допатува во Ријад на разговори со лидерите на Саудијска Арабија во врска со кризата во Сирија. Ќе бидат разгледани начините за зголемување на притисокот врз сиријскиот претседател Башар Ал Асад да го прифати планот за запирање на насилствата во земјата. Утре, Клинтон ќе има средби со шефовите на дипломатиите на Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Оман. В недела, Хилари Клинтон ќе присуствува на состанокот во Истанбул, на групата наречена Пријатели на Сирија.