Се очекуваат палестински демонстрации во Израел

Израелските власти ја засилија безбедноста во очекување на арапско – палестинските демонстрации за одбележување на денот на земјата.
Станува збор за настан кој се одбележува секој 30 Март кога во 1976 безбедносните сили убија 6 израелски арапи за време на демонстрациите против плановите за окупација на арапска земја во Галилеа.
Израелскиот министер за јавна безбедност Јицак Ахароновиќ изјави дека секому се дозволени мирни протести.