САД- нема субвенционирање на нафтените компании

Републиканските пратеници во Сенатот на САД го блокираа закон со кој се предвидува даночни олеснувања од милијарди долари за големите нафтени компании. За законот да помине беа потребни 60 гласа, но Законот доби само 51, а 47 беа против. Американскиот претседател Барак Обама претходно повика Конгресот да стави крај на субвенционирањето на нафтените комапнии. За субвенции годишно се одвојуваат и по 4 милијарди евра. Тој вети дека со парите што ќе останат ќе ги зголеми инвестициите во проекти за алтернативна енергија.