ОН- Туркменистан да поработи на почитување на човековите права

Туркменистанскиот активист за човекови права Гурбабдурди Дурдукулиев.

Комитетот за човекови права на ОН побара од Туркменистан да поработи на наодите дека во земјата има тортура и малтретирање од страна на полицијата, дека има корупцијата во судскиот систем, како и недостаток на слобода на изразување и малтретирање на новинарите.

Комитетот за човекови права го објави извештајот по средбата со туркменистанските преставници на која се разговарало за првиот извештај на Туркменистан на човековите права. Иако Туркменистан пристапи кон Меѓународниот пакт за граѓански и политички права во 1997 година, извештајот пред Комитетот го достави 14 години подоцна. Од Комитетот бараат властите во Туркменистан да поднесуваат извештај за тоа како работат на подобрување на човековите права. Комитетот повикаа Туркменистан да ги отвори вратите за независен мониторинг, бидејќи во земјата не е дозволено да работи ниту една, меѓународна невладина организација.

Alpha