Чешка-тројца странски државјани обвинети за поддршка на милитанти

Чешкото обвинителство соопшти дека тројца Руси и еден Молдавец се обвинети за поддршка на милитантна група кој оперира во Северен Кавказ. Тие им обезбедувале документи на членовите на групата Јамат Шариат, која е активна во Дагестан. Обвинетите се дел од групата на лица кои беа уапсени во април минатата година. Доколу бидат осудени тие се соочуваат со казна затвор до 10 години.