Усвоена резолуцијата за напредокот на Србија во евроинтеграциите

Европарламентарците денеска ја изгласаа Резолуцијата за напредокот на Србија во евроинтеграциите во која се бара земјата што поскоро да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Во Резолуцијата се повикува земјата да се воздржи од распишување на локални избори во Косово, бидејќи тоа би било спротивно на меѓународното првао и на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Против резолуцијата се изјасниле 49 пратеници од 754.