ЕП бара Светското првенство во хокеј да не се одржува во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на еден хокеарски натпревар

ЕП усвои резолуција во која се повикува Меѓународната хокеарска федерација да и го одземе правото на Белорусија да го организира светското првенство во 2014 година, поради прекршувањето на човековите права.
Европските законодавци ја повикаа федерацијата да ја казни Белорусија, ако режимот на претседателот Александар Лукашенко не ги ослободи политичките затвореници.
Во резолуцијата се осудува и егзекуцијата на бомбашите на метрото во Минск и се повикуваат властите да прекинат да ја практикуваат смртната казна.