Земјите од БРИКС се заложија за поголема економска и политичка моќ

Претседателите на земјите-членки на БРИКС

Лидерите на петте најголеми економии во подем се заложија за зголемување на нивната политичка и економска сила на самитот во индискиот главен град Њу Делхи. Во таканаречната група БРИКС членуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Тие се договорија за создавање на заедничка банка, која ќе им овозможи на жителите подобар пристап до капитал, како и развој на бизнисот и трговијата со нивните сопствени валути.
На политичко ниво земјите предупредија против воено решение во застојот на нуклеaрните преговори со Иран и повикаа на мирен крај на конфликтите во Сирија.