Пронајдени остатоците од Аполо 11

Основачот на интернет порталот Амазон, милтимилјардерот Џеф Безос соопшти дека неговиот тим, во Атлански Океан ги пронашол остатоците од моторите на Аполо 11, кој ги однесе првите луѓе на Месечината во 1969-та година. Моторите биле пронајдени на длабочина од 4.300 метри и се дел од ракетата од која одпаднаа неколку минути по лансирањето, како што беше планирано. Безос планира да ги обнови овие мотори и да можат да бидат изложени во музеј.