Самит на Арапската Лига во Багдад

Кризата во Сирија е една од главните теми на самитот на земјите од Арапската Лига, кој се закажан за денеска во Багдад. Се очекува подршка на примирјето во Сирија, но не и повик до претседателот Башар Ал Асад да си поднесе оставка. Сепак, повеќето од лидерите на 22-те земји од Арапската Лига нема да допатуваат во Багдад, главно поради безбедносни причини.