ЕП со поддршка за што побрзо членство на Србија во ЕУ

Датум за почеток на преговори за членство во ЕУ да добие Србија што е можно побрзо се бара во предлог-резолуцијата за напредокот на земјата во евроинтеграциите, поддржана од мнозинството европарламентарци.
На пратениците им се обратија Николај Вамен во име на данското претседавање со Европскиот совет и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Тие изразија очекување дека Србија ќе го исполни клучниот услов за добивање датум за преговори, а тоа е продолжување и напредок на дијалогот меѓу Белград и Приштина.