Борисов-Бугарија ќе стане значаен стратешки гасоводен центар на Балканот

Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека со учеството во Јужниот поток земјата ќе стане значаен стратешки гасоводен центар на Балканот. Тој изрази надеж дека ќе успее да договори пониски цени на природниот гас за Бугарија, откако во Парламентот објави дека се прекинува проектот за нуклеарната централа „Белене“.