Ватерполистите сепак кинисаа по олимписка виза

Илустрација: Ватерполо.

По неколкудневна неизвесност поради немање пари и со еден ден задоцнување македонските ватерполисти заминаа за Канада, кадешто ќе се борат за пласман на Олимпијада.
Македонската ватерполо репрезентација, сепак, ќе настапи на олимпискиот квалификациски турнир што од 1 до 8 април ќе се одржи во Едмонтон, Канада.
По неколкудневна неизвесност поради необезбедените финансиски средства и со еден ден задоцнување, изутрината националниот тим од Белград замина за Канада, каде што од недела ќе ја почне битката за пласман на Олимпијадата која во јули и август ќе се одржи во Лондон.
По вчерашниот пеколен ден кога не знаевме до 21 часот дали ќе отпатува репрезентацијата, после големи напори на Агенцијата за спорт и млади, на Пливачката федерација и нормално најмногу на државниот врв, успеавме да обезбедиме услови за репрезентацијата денеска во 6:40 часот да замине за Едмонтон. Господ нека ги прати после овие проблеми и играчите.
Влатко Димовски, директор ватерполо репрезентација.

„По вчерашниот пеколен ден кога не знаевме до 21 часот дали ќе отпатува репрезентацијата, после големи напори на Агенцијата за спорт и млади, на Пливачката федерација и нормално најмногу на државниот врв, успеавме да обезбедиме услови за репрезентацијата денеска во 6:40 часот да замине за Едмонтон. Господ нека ги прати после овие проблеми и играчите. Имавме една телефонска средба сите заедно, велат после овие проблеми веројатно ќе не прати среќа во Едмонтон“, изјави Влатко Димовски, директор на нашата ватерполо репрезентација.

Со ваквиот развој на настаните во последен момент е спречен голем скандал, по кој Светската пливачка Федерација(ФИНА) сигурно, на извесен период, ќе не суспендираше од меѓународната сцена, на која што изминативе 5 години настапивме на три европски и едно светско првенство, а двапати бевме дел од натпреварите во Светската лига.
Штом одиме, сигурно дека очекувањата се да пројдеме на тие квалификации и да се квалификуваме на Олимпијадата. Знаеме дека сме во многу тешка група, сите европски земји, со многу од нив, репрезентации сме играле, но се надеваме дека ќе бидеме меѓу првите четири во групата, што ќе не одведе во четвртфиналето. И со една победа сме обезбедиле пласман на Олимписките игри.
Сашко Поповски, селектор на ватерполо репрезентацијата.

До тоа, за среќа, нема да дојде, па сега останува на ватерполистите да дадат максимум во базенот во Едмонтон и да се изборат за настап на Олимписките игри. За таков подвиг потребно е прво да го освоиме најмалку четвртото место во групата во која се и националните тимови на Црна Гора, Германија, Грција, Романија и Холандија, за потоа против една од селекциите од другата група да се бориме за влез во полуфиналето, што носи олимписка виза. Иако се свесни дека ќе биде многу тешко, во репрезентацијата веруваат дека имаат сили за исполнување на целта.

„Штом одиме, сигурно дека очекувањата се да пројдеме на тие квалификации и да се квалификуваме на Олимпијадата. Знаеме дека сме во многу тешка група, сите европски земји, со многу од нив, репрезентации сме играле, но се надеваме дека ќе бидеме меѓу првите четири во групата, што ќе не одведе во четвртфиналето. И со една победа сме обезбедиле пласман на Олимписките игри. Сонот на секој спортист, тренер е да се најде на едно такво големо натпреварување, се надевам дека имаме шанси да ни се исполни“, рече селекторот Сашко Поповски.

Инаку во втората група во Едмонтон ќе играат Шпанија, Канада, Бразил, Венецуела, Аргентина и Турција, а на Олимпијадата во Лондон ќе се пласираат првите 4 селекции. Од друга страна, до сега учеството на олимпискиот ватерполо турнир го обезбедија домаќинот Велика Британија, потоа најдобрите од Светското првенство, Италија, Хрватска и Унгарија, па Србија која е победник на Светската лига и САД кои беа први на Панамериканските игри, како и прваците на Азија и на Океанија, Казахстан и Австралија.