Принудно слетување поради проблеми со пилотот

Авион на компанијата Џетблу на релација Њујорк, Лас Вегас принудно слетал на аеродромот во Амариљо, Тексас, откако капетанот претрпел, како што официјално е соопштено, медицинска ситуација. Според извештаите, неименуваниот пилот го напуштил пилотското место и во кабината почнал да зборува за закани од Иран, Ирак и Авганистан. Тој исто така извикувал дека авионот ќе биде урнат и оти Ал Каеда поставила бомба во леталото. Авионот слетал безбедно, а потоа го продолжил летот за Лас Вегас.