Напад врз еврејски ученик во Париз

Дванесетгодишно дете било истепано пред едно еврeјско училиште во Париз. Нападот, како што соопштија локалните власти, го извршиле момчиња кои извикувале антисемитски пароли. Тоа е уште едн од низата напади врз евреите кои деновиве се случија во Франција и кои дополнително би можело да ги зеголемат тензиите во земјата. Напнатоста е присутна во еврејската заедница која имаполовина милион луѓе, по нападите во Тулуз од 19 март кога французинот со алжирско потекло Мохамед Марах уби три деца и еден рабин.