Милошоски и Рикер за интеграцијата на Македонија во НАТО

Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски

Собраниска делегација предводена од претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски, во Вашингтон оствари средба со заменикот помошен државен секретар Филип Рикер. Главна тема на средбата била НАТО интеграцијата на Македонија, пред и по Самитот во Чикаго.
Според соопштението, Милошоски подвлекол дека придонесот што Македонија го направила за НАТО, заедно со пресудата на Судот во Хаг треба да бидат најсилните аргументи во рацете на земјите што се залагаат за отворени врати на Алијансата.