Попоски-Македонија заслужува да оди напред

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави денеска дека Македонија заслужува да оди напред во евроинтегративните процеси.
Попоски кој учествуваше на дебатата посветена на Македонија од Европскиот совет за надворешни работи на Британија им посочи на гостите дека кај грчката страна нема мотивација за решавање на спорот, поради одржувањето на парламентарните избори и кризата во земјата. Според него тоа што Грција има проблеми не значи дека нашиот живот треба постојано да се влошува, бидејќи Македонија има свои цели, а тоа се влез во НАТО и ЕУ.