Зголемена бројката на баратели на азил во 2011

Сириски бегалци во Турција

ОН соопштија дека бројката на лица кои побарале азил во Западните земји е зголемена за 20 насто во однос на минатата година, поради конфликтите во Сирија, Либија и на Брегот на слонова коска.
Според Агенцијата за бегалци на организацијата, најголем број на Авганистанци побарале азил околу 35 700 лица, потоа следат жителите на Кина и Ирак.