Башбук - „обвинението за тероризам е комедија“

Поранешниот началник на Генералштабот на турската армија, генерал Илкер Башбук

Поранешниот началник на Генералштабот на турската армија, генерал Илкер Башбук денеска пред суд изјави дека нема да се брани по обвиненијата покренати против него за тероризам.
Тој ги оцени обвиненијата како „комедија“ и побара делото против него да се води пред Врховниот суд.
Башбуг, кој е обвинет за учество во заговор за соборување на Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, истакна пред судот дека не го признава обвинителниот акт, нагласувајќи дека тврдењата во него се насочени против турските вооружени сили и се сериозен напад врз државата.
Генералот беше уапсен на почетокот на јануари. Тој е највисокото воено лице кое е испратено во затвор во рамки на истрагата за наводен заговор за соборување на власта.