Северна Кореја, сепак, ќе лансира сателит во Април

Северна Кореја ќе лансира ракета со сателит и покрај осудите од САД, Јапонија и Јужна Кореја. Портпаролот на министерството за надворешни во Пјонгјанг изјави дека Северна Кореја нема да се откаже од намерата да лансира сателит за мирнодобски цели. Во изјавата се повикува американскиот претседател Барак Обама да го напушти пристапот на конфронтација.
САД пак предупредија дека лансирањето на сателит, планирано за средината на Април, е вовед во лансирање ракета со долг дострел.
Советот за Безбедност на ОН и забрани на Северна Кореја да лансира таков тип ракети како дел од санкциите за да се натера Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната и ракетната програма.