Грција ќе отвори 30 центри за илегални мигранти

Имигранти во Атина

Грчкиот министер за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоиди изјави денеска дека во земјата ќе бидат отворени 30 нови центри за илегални мигранти. Според него, локалните власти имаат рок од една недела да дадат согласност за отварање на такви центри и да понудат локација.
За таа цел се безбедени европски средства во износ од 250 милиони евра за периодот 2011-2013 година.