Адвокатот на Тимошенко бара повторно да и биде извршен преглед

Постер со ликот на Јулија Тимошенко пред затворот каде ја отслужува казната

Адвокатот на поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко, која отслужува затворска казна изјави дека ќе го повика германскиот доктор, кој веќе еднаш ја прегледа Тимошенко уште еднаш да го направи истото. Сергеј Власенко ќе побара прегледот да биде извршен што побрзо.
Според него, властите не сакаат Тимошенко да биде жива и здрава.