Попоски-Британија е силен поддржувач на Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Лондон се сретна со британскиот државен секретар за надворешни работи Вилијам Хејг. Во фокусот на нивниот разговор беа НАТО и македонското учество во нејзините мисии особено во Авганистан, интеграцискиот процес и афирмацијата на европската агенда. Попоски по средбата изјави дека Британија е силен поддржувач на Македонија, како во НАТО така и во ЕУ.
Посетата на Лондон, Попоски ја реализира во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго.