Убиени двајца војници на НАТО во Авганистан

Авганистански војници

НАТО соопшти дека еден маж облечен во авганистанска воена униформа убил двајца странски војници во една нивна база во покраината Хелманд во јужен Авганистан. Според нив, безбедносните сили на НАТО возвратиле и го убиле напаѓачот. Инцидентот е последниот во серијата таканаречени „зелени против сини“ при кои авганистанските сили напаѓаат странски колеги.