Турција ја затвори својата амбасада во Сирија

Поради ескалацијата на насилствата во Сирија, Турција ја затвори својата амбасада во Дамаск и го отповика својот амбасадор. До овој чекор доаѓа откако турската влада во минатата недела ги повика сите свои граѓани да ја напуштат Сирија што е можно поскоро. Турција од почетокот на нередите во Сирија бара оставка од режимот на претседателот Башар Ал Асад.