Во Сеул Самит за нуклеарна безбедност

Обама во посета на демилитаризираната зона на границата кон Северна Кореја

Претставници на 53 земји меѓу кои и претседателот на САД, Барак Обама ќе се сретнат на самитот за нуклеарната безбедност во Сеул. Главна тема на Самитот се очекува да биде нуклеарната програма на Северна Кореја и Иран.
Покрај САД, на дводенвниот самит ќе присуствуваат и претставници на Кина, Русија, Јапонија и Јужна Кореја. Преговорите на овие земји со Северна Кореја, да се откаже од својата нуклеарна програма во замена за помош, се замрзнати од декември 2008 година. Во меѓувреме, Обама и порача на Северна Кореја дека Пјонгјанг може да се соочи со поголема изолација од светот, доколку продолжи со лансирање на ракета со долг домет.