Хуго Чавез повторно во Куба на радијација

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез отпатува во Куба, каде ќе му биде извршена радиација. Чавез кој боледува од рак изјави дека е во добра здравствена состојба и дека ќе се врати во неговата земја за неколку дена.
При крајот на минатиот месец на социјалистичкиот лидер му беше извршена трета операција за остранување на малигниот тумор од неговата карлица.