Партиски препукувања за Законот за лустрација

Амблемите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Потпретседателката на СДСМ Ана Павловска Данева изјави денеска дека го поддржува процесот на лустрација и сите законски решенија со кои овој процес би се одвивал непречено, транспарентно и без злоупотреби. Според неа, за СДСМ е прифатливо со Законот да бидат опфатени и лицата кои стекнале капитал во претпријатија со општествена сопственост.
ОД ВМРО ДПМНЕ возвратија дека таквиот став на СДСМ е лицемерен, затоа што законите по кои тоа е направено им овозможиле на менаџерите блиски до СДСМ да ги откупат претпријатијата законски, по ниски цени.
Од СДСМ пак сметаат дека треба да се усвои уставен амандман со кој ќе се спречи застарување на евентуалните кривични дела сторени во приватизацијата.