Сирија-владините сили користат цивили како нивен штит

Хјуман Рајтс Воч ги обвини сириските безбедносни сили дека користеле цивили како штит за време на нивните операции. Според организацијата, војската и прорежимските сили ги принудувале жителите да маршираат пред нив додека тие влегувале во реоните контролирани од опозицијата во покраината Идлиб.
ОН соопштија дека повеќе од 8000 лица загинале во Сирија од почетокот на кризата во земјата.