Исплатени семејствата на убиените цивили во Авганистан

Обвинетиот американски војник за убиството на цивилите Роберт Блејс

Авганистанските власти соопштија дека на семејствата кои ги загубија нивните роднини во нападот во покраината Кандахар од страна на еден американски војник им била исплатена компензација. Според нив, семејствата на жртвите добиле по 46 илјади долари, а на повредените при инциденот им биле исплатени по 10 илјади долари.
НАТО не даде потврда за информацијата.