Братот на убиецот од Тулуз пред суд

Мохамед Мерах

Постариот брат на убиецот од Тулуз е изведен пред судот во Париз. Абделкадер Мерах е под истрага за поврзаноста на трите напади за кои неговиот брат Мохамед Мерах е одговорен. Француските медиуми јавија дека тој е обвинет за соучество во убиство или за криминален заговор во терористички акт.
Неговата сопруга, која беше притворена во минатата среда е пуштена на слобода.