Претседателски избори во Јужна Осетија

Во Јужна Осетија денеска ќе се повтори гласањето на претседателските избори во земјата. Првите избори на 27 ноември беа откажани откако опозицискиот кандидат го победи неговиот ривал кој е поддржан од Русија. Четири кандидати се во трката за функцијата.
Никој од нив не учествуваше на првото гласање, но сите се поддржани од Кремљин.