Обама ја посети бафер зоната меѓу Северна и Јужна Кореа

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ја посети бафер зоната меѓу Северна и Јужна Кореа. Тој се сретна со американските војници на еден набљудувачки пункт на границата. Обама утре vo Јужна Кореа ќе учествува и на меѓународен самит за потенцијалната закана од нуклеарен тероризам. Повеќе од 50 светски лидери се очекува да присуствуваат.
Посетата на Обама доаѓа во време кога Северна Кореја се согласи да запре дел од нуклеарните активности во замена за американска помош во храна.