Тадиќ-нападите на НАТО врз Југославија претставуваат злосторство

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека нападите на НАТО врз поранешна СР Југославија во 1999 година претставуваат „злосторство“ против една држава и еден народ. Тадиќ за време на полагањето венец на споменикот на загинатите при нападите на НАТО во Алексинац рече дека земјата била премногу вмешана во војни во 20 век и порача во иднина никогаш повеќе да нема војна за се зачуваат пред се човечките животи.