Словенците утре на референдум за новиот закон за семејство

Во Љубљана утре ќе се одржи референдум за законот за семејство, кој меѓудругото предвидува проширување на поимот семејство и за заедница меѓу исти полови, како и можноста партнерите од ист пол да посвојуваат деца. На законот остро се противи верската заедница и конзервативните кругови. Законот лани го усвои парламентот, но него го оспори едно католичко друштво кое собра 42 000 потписи кои се потребни за одржување на референдум.