Француската полиција го испрашува братот на убиецот во Тулуз

Мохамед Мерах

Секторот за антитероризам на француската полиција го испрашуваат братот на францускиот убиец Мохамед Мерах за да утврдат дали тој на кој било начин бил дел од смртоносните престрелки. Мерах признал дека убил седум луѓе пред да почине во полициска опсада. Неговиот брат, АбделкадерМерах, беше пренесен во Париз од Тулуз, во седиштето на домашната разузнавачка агенција. Како што информираат агенциите, Абделкадер изјавил дека е "горд" на неговиот брат. Мајката на Мохамед Мерах беше ослободена без обвинение во петокот. Полицијата се обидува да дознае дали Мерах, 23-годишниот француски државјанин со алжирско потекло, дејствувал сам.
Мерах, кој се опиша себеси како член на Ал-Каеда, изврши три напади, при што загинаа тројца војници, три деца и еден учител во еврејско училиште во Тулуз.