Кофи Анан во вторник ќе ја посети Кина

Кофи Анан

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Кофи Анан, посредникот на Обединетите Нации и Арапската лига за Сирија, ќе ја посети Кина во вторник, а не викендов, како што беше најавено. Портпаролот на минстерството, Хохг Леи изјави дека кинеските официјални претставници ќе го примат Анан, а претставници на министерството за надворешни работи ќе имаат исцрпни разговори со него. Како што соопшти, официјален Пекинг ги поддржува напорите на Анан и се надева дека неговата посетата ќе придонесе за брзо наоѓање на политичко решение за сириското прашање.