Студентски протести во Атина

Грчките студенти денеска организираа протестен марш низ улиците на Атина, во пресрет на утрешната воена парада по повод 191-годишнина од стартот на војната за независноста на Грција од османлиската власт. Демонстрантите се собраа на централниот атински плоштад Синтагма, носејќи грчки знамиња и голем транспарент „Не е на подажба“, со што го изразија своето незадоволство од строгите валдини мерки за штедење. Низ улиците на Атина беа распоредени околу 5.000 полицајци, а грчките медиуми јавија и дека дошло до помали судири меѓу одделни учесници на маршот и полициските сили.