Ирачката полиција го истражува бегството на 17 затвореници

Повеќе затворски службеници и чувари се приведени откако најмалку 17 затвореници побегнаа од затвор во северниот ирачки град Киркук. Полицијата соопшти дека целиот персонал на затворот Ал-Тасифрат бил испрашуван, како дел од истрагата за тоа како избегале затворениците во петокот.
Ирачки официјални лица потврдија дека еден од затворениците кои избегале бил фатен од страна на безбедносните сили. Агенциите јавиваат дека некои од затворениците кои избегале биле наводно Ал Каеда бунтовници и борци. Киркук, град богат со нафта северно од Багдад, е мета на бунтовнички насилства и продолжување на тензиите меѓу курдски, арапски, и туркменистански групи.