Словенечкиот премиер Јанез Јанша обвинет за клевета

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша

Окружниот суд од Љубљана покрена обвиненија против словенечкиот премиер Јанез Јанша и против неговиот адвокат Франци Матоз, поради изнесување лажни обвинувања и клевети против поранешниот јавен обвинител на Словенија, Бранка Зобец-Храстар. Зобец-Храсар раководеше со истрагата против Јанша и четворица негови соработници во врска со корупциската афера за незаконско посредување при набавката на оклопни возила за потребите на словенечката армија од финската компанија „Патриа“.
Согласно словенечкото законодавство, доколку бидат прогласени за виновни, Јанша и Матоз за „лажните обвинувања“ би можеле да бидат осудени на најмногу две години затвор, а за „клеветите“ на парична казна или шестмесечен затвор.