Европа се соочува со закани од домашен џихад

Европа се соочува со нова џихадска закана од домашни терористи. Ова го изјави шефот на Еуропол Роб Вајнрајт, додавајќи дека новата компонента на исламскиот тероризам во Европа е се повеќе децентрализиран, а со тоа и потежок за следење. Тој за агенцијата Асошиетед прес изјави дека Ал Каеда имала скриено влијание врз последните напади кога еден французин со алжирско потекло уби тројца војници и три еврејски деца и еден рабин во Тулуз.