Во Хрватска уапсени осум лица за издавање лажни пасоши

Хрватската полиција уапсила осум лица осомничени за фалсификување и трговија со пасоши на Хрватска. Медиумите јавуваат дека станува збор за лица кои се товарат дека им издавале лажни пасоши на припадници на српското и црногорското криминално подземје, меѓу кои и на челнови на „Земунскиот клан,,. Цената на еден лажен хрватски пасош се движела од 10.000 до 50.000 евра. Меѓу уапсените имало полицајци, службеници во Министерството за внатрешни работи, како и вработени во дипломатско конзуларните претставништва на Хрватска во Сараево и Тузла.