Почнува летното сметање на времето

Од два часот по полноќ почнува летното сметање на времето, со поместување на еден час нанапред, односно времето во 02 часот се смета како 03 часот, соопшти Бирото за метрологија. Летното сметање на времето во годинава завршува на 28 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03 часот се смета како 02 часот.