Тринаесет години од НАТО бомрадирањето врз Србија

Денеска се навршуваат 13 години од почетокот на воздушните напади на НАТО врз тогашната Сојузна република Југославија. Нападите траеа 11 недели и во нив, според некои податоци, загинале од 1200 до 2 ипол илјади луѓе. Проценките за штетите пак одат до над 29 милијради долари. Бомбардирањето заврши на 10 јуни, а ден претходно претставници на НАТО и на Војската на Југославија во Куманово потпишаа воено техничка спогодба со која се прецизира повлекувањето на југословенските војници од Косово.