Тревога во Меѓународната вселенска станица

Дел од руска ракета денеска за малку ќе ја погодеше Меѓународната вселенска станица. Парчето минало блиску станицата што го принуди екипажот, двајца американци, тројца руси и еден холанѓанец да побараат засолниште во таканаречените капсули за бегство. Ова е трет пат во последните 12 години астронаутите да побараат засолниште од слични закани од вселенскиот смет.